Зинедин Зидан ќе го напушти тренерското место во Реал Мадрид. Како што објавија шпанските медиуми, францускиот фудбалски стручњак веќе им ја соопштил својата одлука на раководствот на клубот, како и на играчите, на кои им се заблагодарил за соработката
Зидан официјално ќе ја објави својата одлука да го напушти Реал Мадрид заедно со претседателот на клубот Флорентино Перез.
Заедничката прес-конференција се очекува во текот на денот.
Во овогодинешната сезона, Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите и заврши на второто место во Ла Лига.
Најголем фаворит да го замени Зидан на клупата на Реал е поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Италијанецот Масимилијано Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.