Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека следната сезона Ла Лига ќе биде најважната и најголемата цел пред „кралскиот“ клуб. Францускиот стратег говорел за очекувањата од следната сезона на прес-конференцијата пред вечерашното гостување кај Хетафе.

Нема посебна причина Барселона да доминира во Ла Лига. Она што можам да го споделам е дека следната сезона ќе се обидеме да започнеме во Примера најдобро што можеме. Ла Лига се решава постепено. Предсезонската подготовка е многу важна. Ќе дадеме се од себе за да почнеме силно, затоа што потоа ќе ни биде многу комплицирано. Во следната кампања, Ла Лига мора да биде нашата примарна цел, сигурно. Отсекогаш сум зборувал дека најважна за мене е борбата во Ла Лига.

Во однос на овогодинешната титула на Барселона во Примера, Зидан вели дека тие се справиле добро и мора да им се честита.

Имаме 33 титули во шампионатот. Барселона колку има? Во последниве години, Каталонците се справија добро. Мораме да го признаеме тоа и да им честитаме. Сепак, од историска гледна точка, Реал има голема супериорност. Точно е дека Барса во последно време игра подобро, но мора да го смениме тоа, објаснил Зидан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.