По завршувањето на фудбалската сезона во Шпанија, во која Реал Мадрид заврши на втората позиција и остана без трофеј, тренерот Зинедин Зидан, изјави сè уште нема донесено одлука за својата иднина.

Сега не можам ништо да кажам. Би сакал да се сретнам со управата на клубот во наредните денови. Тогаш ќе видиме што ќе се случи – изјави Зидан за шпанскиот дневен спортски весник  „Марка“.

Французинот беше назначен за тренер на Реал Мадрид во 2019 година, откако претходно беше тренер на мадридскиот клуб од 2016 до 2018 година. Под негово водство, Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите трипати по ред, а освои и две шпански тирули, поставувајќи рекорд за најдолга серија без пораз во клупската историја – 40 натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.