Шпански „АС“ пишува дека Адриен Рабио може да премине во Реал Мадрид. Играчот од средниот ред на ПСЖ од почетокот на сезонава е во немилост во францускиот тим бидејќи тој не сака да го продолжи договорот со клубот, а неговата мајка Вероник, која е и негов менаџер, прави сè за да го прикаже како жртва.

И навивачите испратија порака дека тој е на „црната листа“, а кога Патрис Евра ги навредуваше играчите на францускиот шампион откако беа елиминирани од Манчестер Јунајтед во ЛШ, Рабио го „лајкна“ неговиот пост на Инстаграм.

Во сето ова шанса гледа Зинедин Зидан кој сака да го доведе Рабио без оштета со оглед на фактот дека тој има уште три месеци од актуелниот договорот со францускиот шампион.

Јас не сакам да плачам за тоа или уште повеќе да го загрижувам Адриен, кој вели дека не е добро. Можам само да кажам дека многу лошо се чувствува поради сето она што се случува. Адриен е затвореник. Дури и од страна на ПСЖ го чуваат како роб. Наскоро ќе биде на сув леб, водата и во зандана. Оваа околина е сурова, изјавила мајката на Рабио неодамна за „Екип“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.