Македонската женска фудбалска репрезентација во Скопје загуби од Северна Ирска со 11:0.
Во меч којшто се играше во рамките на европските квалификации Д-група за пласман на Светското првенство 2023, гостинките доминираа и уште во раната фаза ставија јасно до знаење кој ќе ги освои трите бода. Веќе на полувреме имаа предност 7:0.
Двете репрезентации на 29 ноември во Белфаст ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар.
По пет одиграни средби, нашата селекција остана на три освоени бода и е претпоследна (5. место) на табелата. Cеверна Ирска, пак, стигна до 10 бода и се изедначи со второпласираната Австрија која има натпревар помалку.
Лидер е Англија со максимални 12 бодови од четири натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.