Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, искажа поддршка за назначување жена за главен судија на мечот во кој англиската репрезентација гостуваше во Андора.
Англија победи со 5:0 во квалификациски меч за Светското првенство 2022.
Ова е првпат жена да и суди на Англија и ова треба да биде прво од многуте. Историјата се оствари и ние сме чекор поблиску до Светското првенство – напиша Кејн на Твитер.
Правдата на овој меч ја делеше Украинката Катерина Монзул. Асистенти беа нејзините сонароднички, Марина Стрилетскаја и Светлана Грушко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.