Владата формира дваесетчлено тело на чело со Наумче Мојсоски кое треба да обезбеди поддршка при организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал.

Од Владата во телото учестввуаат генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири, неговиот заменик Тахир Хани како и Марјан Забрчанец, советниците за спорт Силвија Митевска и Ѓорѓи Тасев, директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески и Љупчо Димитровски, раководител на одделение исто во СОЗР.

Меѓу останатите членови на телото се и заменикот на Мојсоски Авни Рустеми, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и Михаела Веселинов, директор на Секторот за дипломатски протокол.

Од Фудбалската федерација на Македонија пријавен е генералниот секретар Филип Поповски.

Членови се уште и Даниел Димевски и Владимир Богоевски од Олимпискиот комитет, како и Омер Буњаку и Изет Ризаху, едниот советник за спорт а другиот државен секретар во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Од останатите, учествуваат уште Зоран Стерјовски и Бесник Шуки, како новинари на МИА и Драган Николовски и Анета Андонова од МТВ.

Задача на ова тело ќе биде да обезбеди што е можно повеќе „коридори“ за нашите навивачи да отпатуваат во Букурешт, полесно да дојдат до билети, да има повеќе места за нив и да може непречено да се задржат со глед на тоа што Македонија е на црна листа поради пандемијата.


Извор: Фактор


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.