Ждрепката за 1/8-финалето на Лига Европа беше извлечена денес. Таа одреди тимотна Интер, кој е посочен од букмејкерите за голем фаворит за трофејот, да се исправи против изненадувањето во Ла Лига оваа сезона – Хетафе.
Друг главен кандидат – Манчестер Јунајтед, ќе игра против австриски ЛАСК, кој стигна до елиминациите уште при своето деби во групната фаза на турнирот.
Петкратниот шампион Севиља, пак, ќе има сериозна пречка пред Рома.
Ждрепка за 1/8-финалето на Лига Европа:
Истанбул Башакшехир – Копенхаген
Олимпијакос – Вулверхемптон
Ренџерс – Баер Леверкузен
Волфсбург – Шахтјор Доњецк
Интер – Хетафе
Севиља – Рома
Ајнтрахт / Салцбург – Базел
ЛАСК – Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.