Во пресрет на концертот во Скопје, денеска македонската фудбалска репрезентација имаше интересна средба. Легендата на екс-југословенста естрадна сцена, Здравко Чолиќ, денеска ја посети нашата најдобра фудбалска репрезентација. На тренингот, Чолиќ имаше можност да ги поздрави фудбалерите и селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски.

Откако Стинг во неделата се покажа како таличен за ракометарите на Вардар, се надеваме дека Здравко Чолиќ сега ќе им донесе среќа на нашите фудбалери на силните квалификациски дуели со Полска и Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.