Чиста емоција, искрена радост – коментаторите на МРТ Тони Стојановски и Горан Стерјовски го прославуваат нашиот пласман на ЕП.
Радувај се Македонијо! Еве ги фудбалерите на големата сцена. Македонија оди на Европско првенство! Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве не во Европа! Еве не таму, меѓу сите! тие што ги описменивме, ќе не дочекаат наредниуот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација, ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите, православни Христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ја водат. И едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА ЗАТОА ШТО ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – излив на емоции на нашиот спортски коментатор Тони Стојановски по големата победа на Македонија со која нашите фудбалери се пласираа на Европско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.