Интер го отстранил Хрватот, Шиме Врсаљко од списокот на играчи за натпреварите кои клубот ќе ги игра во вториот дел од сезоната, во Серија А и Лига Европа. На неговото место бил пријавен Седрик Соареш кој мината недела пристигна од Саутемптон.

Врсаљко на почетокот на оваа сезона, во Интер пристигна како позајмен играч од Атлетико Мадрид, со опција да го откупи неговиот договор за 17,5 милиони евра. Сепак тој не успеа да се наметне кај Спалети поради повредата на коленото, која ја влече уште од Светскоот првенство во Русија.

Според италијанските медиуми 27­годишниот играч ќе мора да замине на операција на повреденото колено, што значи дека ќе се врати во Мадрид. Интер сепак ќе мора до крај да ја плати позајмицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.