Репрезентацијата на Македонија загуби од Ерменија со 1:0 со што не успеа да го освои првото место во групата 2 од Ц лигата на лигата на нации и да обезбеди пласман во Лигата Б на ова натпреварување.
Победата на Ерменците им ја донесе поранешниот играч на Вардар, Хофханес Хамбарѕумјан, кој во 55 минута со доста среќа и откако топката закачи еден од напите фудбалери го совлада Дамјан Шишковски.
Со тој гол, Хамбарѕумјан ја поништи многу подобрата игра на Македонија во првото полувреме, додека по голот им беше тешко на нашите фудбалери да ја вратат контролата над играта, по што Ерменија релативно комфорно го задржа водството.
Голот на Ерменија може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.