Mакедонската фудбалска репрезентација вечерва во комплетен состав го одржа единствениот тренинг на Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, на која утре против домаќинот Холандија ќе го одигра завршниот натпревар на Евро 2020. По двата пораза во групата Ц од Австрија (1:3) и Украина (1:2) „црвено – жолтите“ влегуваат мотивирани во дуелот со Холандија, најавувајќи дека ќе се обидат со позитивен резултат да го одбележат последниот настап во репрезентацијата на капитенот Горан Пандев.

Завршниот натпревар на својот дебитантски настап на Европските првенства избраниците на селекторот Игор Ангеловски го играат утревечер со почеток од 18 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.