Навивачот од трибините кој во неделата го погоди Димитри Паје (34) со шише во главата во текот на натпреварот помеѓу Лион и Олимпик Марсеј беше осуден денеска на шест месеци затвор.

Исто така, 32-годишниот навивач доби забрана за влез на стадионот во Лион во период од пет години.

Дербито од 14 коло меѓу Лион и Марсеј беше прекинато во четвртата минута од средбата, кога гостинскиот играч Димитри Паје беше удрен во глава со полно пластично шише, па судијата одлучи да ги однесе двете екипи кон соблекувалните.

Инцидентот во Лион беше трет сезонава, поради нереди на навивачите, дуелот меѓу Ница и Марсеј беше прекинат во август, а за малку не беше прекинат и мечот меѓу Ленс и Лион во септември од истата причина.

Французите најавија дека се разгледуваат мерки како забрана на навивачите да доаѓаат на стадионите, зголемување на бројот на надзорни камери и разјаснување на овластувањата поврзани со тоа кој има право да откажува натпревари во случај на насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.