Екипата на Ривер Плата вечерва во Мадрид ја обезбеди титулата во Копа Либертадорес и стана шампион на Јужна Америка по победата над Бока Јуниорс од 3-1 обезбедена во продолженијата.

По првиот меч кој заврши 2-2 и откажаниот натпревар во Буенос Аирес, реваншот беше закажан во Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ каде Ривер му нанесе тежок удар на вечниот ривал во големото финале.

По регуларните 90 мин резултатот беше 1-1. Бенедето стрелаше за Бока на крајот на првиот дел, а израмни напаѓачот на Ривер, Лукас Прато во 68. минута од мечот.

На самиот почеток на продолженијата, Бока остана со играч помалку по исклучувањето на Бариос, а предноста ја искористија фудбалерите на Ривер кои преку Квинтеро поведоа со 2-1. Конечниот резултат го постави Гонзало Мартинез кој стелаше во празниот гол во 120. минута откако комплетно сите фудбалери на Бока се преселија во противничкиот шестнаесетник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.