Легендарниот фудбалер на белградска Црвена звезда Драгослав Шекуларац, кој е роден во Штип, почина  пред една година во Белград.

Популарниот Шеки беше еден од најдобрите дриблери во историјата на бившојугословенскиот фудбал. Играше во средниот ред.

Тој беше стандарден член на фудбалската репрезентација на бивша СФРЈ и во тоа време негов најдобар поединец.

Шеки одиграл 41 натпревар и постигна шест голови за репрезентацијата на Југославија. После инцидент во игра што го доведе до две години казна, неговата кариера заврши ненадејно.

Тој беше чест гостин во Македонија, а во родниот Штип има негова спомен-биста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.