Финалето на Купот на Фудбалската асоцијација ќе се одржи на 8 август и ќе го означи крајот на фудбалската сезона во Англија, пренесува британскиот таблоид „Дејли Мејл“.

Ова е предвидено со проектот за рестартирање, подготвен заеднички од Владата на Велика Британија, ФА и Премиер Лигата, кој има за цел да ја обнови и целосно заврши сезоната во Англија.

Турнирот е во четвртфинална фаза, со уште седум одиграни натпревари до утврдување на победникот. Предвидено е дека сите седум средби ќе се играат на „Вембли“.

Фудбалската асоцијација на Англија сака да стори сé што може за да ги прекине и сезоните во Премиер Лигата и ФА Купот, бидејќи ќе избегне многу сериозни загуби на телевизиските права и спонзори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.