Европските фудбалски великани, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус може да играат пријателски натпревари во САД. Клубовите кои продолжуваат да ја поддржуваат идејата за европска Суперлига сакаат да организираат серија пријателски натпревари во текот на летото.

Раководството на трите екипи, му понудија на Милан да стане четвртиот учесник на турнејата.

Местата за одигрување на натпреварите сЕ уште не се одредени, но се планира тоа да биде западниот брег на САД. Неколку градови се заинтересирани да бидат домаќини на натпреварите.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се надеваат дека ќе ја искористат идејата со оваа турнеја  да надоместат дел од загубите од пандемијата на коронавирус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.