Фудбалската федерација на Македонија веќе подолго време се наоѓа под притисок од страна на власта. Несогласувањето на релација ФФМ-Агенција за млади и спорт е поради тоа што македонската федерација одбива да го промени својот Статут кој наводно треба да биде усогласен според Законот за спорт.

Иако има одлука по тужба на ФФМ усвоена од Управниот суд со која се поништува одлуката на Државната комисија за одлучување во втор степен дека Федерацијата не должна да го промени Статутот, притисоците од страна на Агенцијата за млади продолжуваат.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини вчера го спомена името на премиерот Заев за притисок кон клубовите иако не сака да верува дека тоа е точно.

 

Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт-изјави Сејдини.

Но, според информациите на „Република“, притисокот кон ФФМ доаѓа од највисоките државни структури. Причината е што што Фудбалската федерација на Македонија одбива да го промени името и да ја додаде придавката „Северна“ како што тоа го сторија речиси сите спортски федерациии и сојузи.

Прашање на време е кога ФФМ ќе реагира до УЕФА за мешање на државата во работата на Федерацијата и во таков случај повеќе од јасно е дека европска асоцијација ќе застане на страната на Фудбалската федерација на Македонија повикувајќи се на независноста во своето работење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.