Најновата забрана на Министерството за здравство за затворање на сите училишта, градинки и спортски и културни настани која ќе стапи денеска ќе заврши на 24 март.

Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на Македонија, а спортските настани да се одвиваат без публика-стои во одлуката на Комисијата за заразни болести.

Она што најмногу ги засега љубителите на фудбалот е дека засега не е доведен во прашање фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово кој треба да се игра на 26 март. Министерот за здравство се изјасни дека е подобро мечот да се игра без публика, но сепак конечната одлука ќе биде позната по истекот на препорачаните 14 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.