Македонската фудбалска репрезентација, летово ќе дебитира на големите натпреварувања, поточно на 13 јуни ќе истрча против Австрија во воведното коло од групната фаза, со ова нашата селекција ќе испише историја.

УЕФА го смести дуелот на Македонија и Австрија како еден од највозбудливите натпревари на ЕП од групната фаза кој не треба да се пропушти.

„Македонија беше во група со Австрија пред да помине Косово и Грузија во баражот и со тоа да го обезбери својот прв насап на завршниот турнир и сега има шанса за реванш. Австрија ја совлада Македонија и на домашен и на гостински терен, а со победата во Виена од 2:1 обезбеди пласман на ЕУРО 2021. Сепакј, сега ќе биде поразлично кога ќе се сретнат во Букурешт. Првата ѕвезда на Македонија е капиутенот, кој има најмногу настапи и голови, Горан Пандев. Тој го даде и голот за пласман на ЕП. Ќе успее ли 37 годишната легенда да постигне уште еден или два клучни голови?“ – прашуваат од УЕФА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.