Европскиот шампион Баерн Минхен го победи Атлетико Мадрид со 4: 0 во натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“.
„Јорганџиите“ тргнаа смело на мечот, но момците на Ханси Флик создадоа поопасни ситуации и демонстрираа ефикасност.
Никлас Зуле ја погоди гредата, а пред истекувањето на половина час игра, Кингсли Коман ја затресе мрежата на тимот од Мадрид. Непосредно пред паузата, Французинот запиша асистенција за Леон Горецка.
Веднаш по паузата, голот на Жоао Феликс беше поништен поради офсајд, а во средината на второто полувреме Баварците упатија уште два тешки удари, откако реализираа на двапати во рок од шест минути преку Толисо и Коман.
Така, Баерн ја предводи групата во која Салцбург и Локомотив Москва одиграа нерешено 2: 2 порано денес.
нтер и Борусија Менхенгладбах пак приредија шоу – 2: 2, во натпревар од групата „Б“.
Натпреварот на „Меаца“ заврши многу драматично, а за сите 90 минути Германците упатија само два удари, што се покажаа како голови. Тие беа дело на Рами Бензебаин, кој погоди од пенал за 1:1 по нешто повеќе од еден час игра и на Јонас Хофман. Тој погоди во 85-та минута и голот беше признат и покрај интервенцијата на ВАР.
Пред тоа, Ромелу Лукаку ги доведе „нероазурите“ во водство, а во 90-тата минута белгиската ѕвезда го спаси Интер од пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.