Навивачите на Јувентус го прогласија португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо, за најдобар играч во тимот во сезоната што измина.

Во сезоната 2020/21 во Серија А, 36-годишниот фудбалер одигра 33 натпревари, постигна 29 гола и стана најдобар стрелец во лигата.

Дефанзивецот Хуан Куадрадо го доби признанието за најдобар играч во месец мај, откако овој месец одигра пет натпревари во Серија А, на кои постигна два гола.

Јувентус ја заврши сезоната на четвртата позиција на табелата со што успеа да избори место во Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.