Манчестер Јунајтед за утрешниот натпревар против Кристал Палас најверојатно нема да може да смета на дури 10 свои фудбалери. Оле Гунар Солскјер ги загуби Андер Ерера, Хуан Мата и Џеси Лингард поради повреда во првото полувреме од мечот против Ливерпул.
Немања Матиќ и Ентони Марсијал се веќе повредени, а Фил Џонс, Матео Дармијан и Антонио Валенсија подолго време не му се на располоагање на норвешниот стратег. Од друга страна, Маркус Рашфорд исто така се пожали на повреда и е неизвесен за утрешниот меч.
Уште не знам на кои фудбалери ќе можам да сметам за мечот против Кристал Палас. Сепак, ова ќе биде шанса за Ромелу Лукаку и Алексис Санчез да го покажат потенцијалот, изјавил Солскјер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.