Француската престолнина денеска е во центарот на вниманието на светската спортска јавност поради трансферот на најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кој од Барселона се сели во ПСЖ.

Веднаш по доаѓањето на Аргентинецот, запрен беше сообраќајот во голем дел од Париз, а полиција и специјалци има речиси на секој чекор. Автомобилот со кој патуваше Меси возеше со полициска придружба, како да станува збор за некој голем државник.

Уште поголема возбуда се очекува во текот на утрешниот ден кога најверојатно ќе се одржи официјалната промоција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.