Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја има поддршката од здружена навивачка армада на трибините на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје за баражот против Косово за Европското првенство 2020, закажан за 26 март од 20:45 часот.
По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Мајмуни, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Улави, Ѓаоли…
Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј.
За Македонија единствени!, објавија „Комити“ на Фејсбук.
Победникот од мечот Македонија – Косово на 31 март ќе му гостува на подобриот од дуелот Грузија – Белорусија во финалето на плејофот за пласман на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.