Заменик министерот за спорт Лефтерис Авгенакис за време на неговиот говор во Парламентот повторно реагираше до ФИФА и УЕФА околу името што го користеше Фудбалската федерација на Македонија и кратенката ФФМ на Европското првенство.

Како што известуваат грчките медиуми, на специјалниот состанок на парламентарниот комитет одговорен за иднината на грчкиот фудбал, на кој присуствуваа претставници на ФИФА и УЕФА, Авгенакис рече:

– Очекувавме појасен став од ФИФА и УЕФА околу проблемот со името – вели Авгенанис.

Реакцијата, сепак, дојде од СИРИЗА со Танос Мораитис, кој го изрази своето незадоволство од фактот дека министерот не ја нарекуваше соседната земја со уставното име, туку како Скопје.

– Постојат министри кои го прифаќаат договорот од Преспа и зборуваат за Македонија. Постојат и други кои зборуваат за „соседна земја“ и тука е и господинот Авгенакис кој зборува за „федерација на Скопје“. Исмевањето мора да престане – рече пратеникот на СИРИЗА.

Од друга страна, претседателот на Комисијата за образовни работи, Василис Дигалакис, му објасни на пратеникот на СИРИЗА дека „пресвртот го направи Македонија на Европското првенство“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.