Борусија Дортмунд и Челси потврдија дека дошле до договор за трансфер на американскиот репрезентативец, Кристијан Пулишиќ кој ќе се пресели во Премиерлигата за 64 милиони евра.
Сепак, младиот офанзивен играч за врска до крајот на сезонава ќе остане на позајмица кај „милионерите“ за да ја доигра сезоната, а веќе од наредната ќе го облече синиот дрес на лондонскиот клуб.
Пулишиќ има хрватско потекло, а иако има хрватско државјанство одбил да настапува за Хрватска. Тој е американски репрезенативец, а како дете бил дел од англискиот нисколигаш Брекли таун, но се вратил во Америка да игра за локални клубови. Во Борусија пристигна во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.