Напаѓачот на Порто, Фабио Силва ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Според „А Бола“, Вулверхемптон плати рекордни во клупската историја 40 милиони евра за 18-годишниот играч. Клубовите веќе склучија договор којшто треба да биде објавен многу скоро.
Голем број португалски фудбалери веќе играат во Вулверхемптон, вклучувајќи ги голманот Руи Патрисио, играчите од средниот ред Жоао Мутињо и Диого Жота. Тренер на тимот е и Португалецот Нуно Санто.
Фабио Силва е првиот летен трансфер на Вулверхемптон. Минатата сезона, португалскиот младински репрезентативец одигра 20 натпревари со Порто и постигна два гола во сите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.