Претседателот на Србија, Александар Вучиќ преку социјалните мрежи испрати честитка за македонската фудбалска репрезентација која со вчерашната победа над Грузија испиша историја пласирајќи се на Европското првенство.

На сите граѓани на Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европско првенство. Ние, граѓаните на Србија, со цело срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.