Српскиот претседател, Александар Вучиќ, тврди дека државата Србија им помага на најголемите клубови, Црвена ѕвезда и Партизан.
Ако државата не даваше пари за Партизан, тој клуб не би добил лиценца за еврокуповите и денеска не би играл против Манчестер јунајтед. Да не беше државата, Ѕвезда тешко дека би го имала Газпром за спонзор. Ако овие клубови не играа во Европа, повторно државата ќе беше виновна. Се грижиме за клубовите и балансирано ги помагаме“ – рече Вучиќ.
Црвена ѕвезда игра во Лигата на шампионите, Партизан во Лига Европа, во Белград доаѓаат големи клубови, меѓу кои и Манчестер јунајтед кој вечерва ќе се сретне со „црно-белите“ во групната фаза од Лига Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.