Веста дека потрагата по Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината, практично значи дека фудбалскиот свет бавно и мачно ја прифаќа веста за трагичниот крај на двајцата.

Од Премиер лигата објавија дека натпреварите од шампионатот следната недела ќе започнат со минута молчење.

Премиер лигата изразува жалење за веста дека активната потрага на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината. Нашите мисли се со двајцата мажи и нивните блиски. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите пријатели ФК Кардиф во овој многу тажен момент. Во знак на почит ќе има едноминутно молчење за Емилијано и Дејвид на сите натпревари од Премиер лигата следната недела, објавија од Лигата на „Твитер“.

Од Кардиф исто објавија соопштение во кое информираат за лошите вести од потрагата и изразија сочувство до блиските на фудбалерот и пилотот.

На тренингот на Нант фудбалерите со неверување ја примија информацијата дека потрагата е прекината. Веста најмногу го погоди напаѓачот на Гана, Мајед Ворис, кој плачеше за цело време на емотивниот говор на тренерот Вахид Халилхоџиќ.

Чекаме чудо и се надеваме дека ќе се случи. Поради тоа не сакаме да му оддадеме почит, ниту ќе има минута молк. Се додека неговата смрт официјално не биде потврдена ние ќе чекаме, рече Халилхоџиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.