Спортската јавност во Србија е во шок, откако во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот фудбалер на Слога Пландиште, Филип Радуловиќ.
Сообраќајката се случила на патот од Вршац кон Пландиште кога свтомобил од марката БМВ преминал во спротивната лента и директно удрил во Мерцедесот, што го управувал 19-годишниот фудбалер.
View this post on Instagram
На семејството, пријателите и сите кои го познаваа нашиот Филип, им изразуваме најискрено сочуство. Нека ти е вечна слава – соопштија од неговиот клуб.
Против возачот на БМВ-то е покрената кривична пријава за извршено тешко дело против безбедноста во сообраќајот.
Радуловиќ наполни 19 години пред само една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.