Емоции, радост, лудило! Македонија слави! Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на завршницата на Европското првенсво кое ќе се одигра наредната година.
Радувај се Македонијо! Еве ги фудбалерите на големата сцена. Македонија оди на Европско првенство! Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве не во Европа! Еве не таму, меѓу сите! тие што ги описменивме, ќе не дочекаат наредниуот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација, ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите, православни Христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ја водат. И едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА ЗАТОА ШТО ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – излив на емоции на нашиот спортски коментатор Тони Стојановски по големата победа на Македонија со која нашите фудбалери се пласираа на Европско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.