Најмалку две француски екипи ќе играат секоја година во Супер лигата, објавија француски медиуми повикувајќи се на извор близок до клубовите кои го формираа новото натпреварување, Суперлигата.

Во извештаите не се наведуваат детали за кои екипи станува збор и врз кои принципи тие ќе бидат избирани.

Како што се наведува, една од претпоставките е дека победникот на француската Лига 1 ќе може да се квалификува за новото клупско натпреварување.

Дванаесет моќни европски фудбалски екипи доцна синоќа постигнаа договор за формирање на т.н Суперлига.

Зад проектот, жестоко осуден од УЕФА, застанаа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан, Интер, Арсенал, Тотенхем, Челзи, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.