Се игра фудбал или се игра ватерполо?И во време кога Македонија обезбеди пласман на Европско фудбалско првенство во фудбал, вакво прашање се уште се поставува кога се играат натпревари од македонската Прва фудбалска лига.
Токму така беше на дуелот меѓу СИлекс и Струга Трим Лум одигран вчера во Кратово. Теренот беше буквално потопен од дождот, но иако нема баш регуларни услови за игра, мечот сепак, се одигра.
Тоа предизвика фудбалерите на двата тима да се мачат со водата на одредени делови на теренот, па практично фудбал воопшто немаше, а сѐ беше сведено на тоа како да се исконтролира топката и да се истурка од водените вирови.
По таквата „игра“, сосема е разбирливо што мечот заврши 0:0, а единствена позитивна работа од дуелот е што немаше некоја посериозна повреда за некој од фудбалерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.