Фудбалската репрезентација на Колумбија е трагичарот на Копа Америка, откако испадна, иако не прими ниту еден гол во четири натпревари. Колумбија одигра перфектно во групата и имаше три победи против Аргентина, Парагвај и Катар и тоа без да прими гол.

Во четвртфиналето дојде дуелот против Чиле, а по 90 минути немаше погодоци, па мораше да се шутираат пенали. Во пенал-рулетот, дефанзивецот на Колумбија, Вилијам Тесилјо беше единствениот кој промаши, па Чиле се радуваше на победа од 5:4.

Фановите во Колумбија не може да му простат на Тесилјо за промашениот удар од белата точка, а најекстремните дури му се закануаат со убиство.

Точно е дека на мене и на мојата жена ни праќаа смртни пораки. Мојата жена тоа го објави јавно, а јас тие пораки не ги споделив со јавноста, откри несреќниот Тесилјо.

Оваа мака Тесилјо ја сподели на точно 25 години од смртта на Андрес Ескобар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.