Симонлука Агацоне (39), поранешниот младински репрезентативец на Италија и играч на Милан, загина синоќа во сообраќајна несреќа. Има 16 настапи за младинските селекции на Италија, но сепак како сениор не се прослави.

Агацоне настрадал кога возилото во кое се возел удрило во дива свиња. Од тој удар, возилото излетало од патот, а Агацоне починал на самото место. Во автомобилот бил и 32-годишниот Матео Равето, но и тој починал во сообраќајката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.