Белорусија е единствена земја во Европа во која се игра фудбал, и покрај пандемијата на коронавирус, а денеска се играа натпревари и во аматерската лига во хокеј на мраз. На лизгалки и на терен излезе и претседателот на државата Александар Лукашенко, чија екипа е меѓу учесниците во плејофот.

Натпреварот се одигра пред полни трибини, а по завршување на средбата Лукашенко изјави:

Овде нема вирус. Гледате негде во воздухот околу нас вирус? Јас не го гледам. Овде е ладно како во фрижидер и тоа е добро за здравјето.

Белорусија е земја со околу десет милиони жители и досега се регистрирани 100 случаи на коорнавирус. Дека болеста што го тресе светот не влијае врз белорускиот спорт е показател и фудбалскиот шампионат во кој викендов се комплетира второто коло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.