Најмалку осум членови на еден тим во Гвинеја загинале во тешка сообраќајна несреќа. Во несреќата која се случила на патот од Тимба кон Мау, има и 19 повредени.

Според првичните проценки возачот изгубил контрола над автобусот, а се претпоставува дека откажале сопирачките. Петмина фудбалери загинале на лице место, тројца на пат кон болница. Дури 19 се повредени од кои 17 сериозно. Во минибусот имало 23 патници.

Овој инцидент е втор во Гвинеја од почетокот на годината. На 30 јануари, тројца играчи од клубот Вакрија ги загубија животите со сообраќајна несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.