Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана преку видеоконференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.

Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.

– За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, се додава во соопштението



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.