Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо (Феноменот) го повика раководството на Барселона да не дозволи ѕвездата Лионел Меси да замине.
Според него, проблемите на Каталонците нема да бидат решени со неговото евентуално заминување, напротив – тие ќе се продлабочат.
– Меси е играч на кого е ориентиран целиот тим. Да бев на местото на челниците на Барселона, не би му дозволил да замине. Тој има прекрасна врска со клубот и не мислам дека престанал да го сака. Ситуацијата е променета по оние 2:8 против Баерн во Лигата на шампионите. Виновници се бараат и некој мора да ја сноси одговорноста за поразот. Лео има потреба од помош од своите соиграчи, како и тие од неговата. Во Барселона треба да започнат да размислуваат поинаку во следните сезони. Не мислам дека тие ќе ги решат нивните проблеми со заминувањето на нивниот најдобар играч, вели Роналдо, цитиран од „Марка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.