Шпанскиот фудбалер од средината на теренот, Висенте Ибора, се врати во Шпанија каде потпиша договор до јуни 2023 година со екипата на Виљареал. Долгогодишниот капитен на Севилја, во Лестер се пресели во 2017 година, а за поранешниот англиски првак постигна четири гола на 37 натпревари.
Ибора е искусен фудбалер од редот за врска, доминантен во скокот. Квалитетен е и пред противничкиот гол. Ова е престижен трансфер за нашиот клуб, објавија од Вилјареал.
Тимот на Лестер за него на Севилја и плати 15 милиони евра, а Виљареал за неговиот трансфер одвоил 10 мил. евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.