„Жолтата подморница“ денеска на домашен терен издвијува убедлив триумф над екипата на Севилја со 3-0, а ова беше трет пораз за гостинот во последните пет меча во Примера.

Виљареал поведе уште во 20. минута со голот на Алваро, а Екамби го дуплираше водството во 45. Минута од мечот.

Севилја немаше среќа, не ги искористи своите шанси, па затоа беше казнета во 86. минута преку Алфонсо за убедливи 3-0, што беше втора победа за Виљареал за само неколку дена откако во четвртокот тие го победија Спортинг Лисабон во Лига Европа.

Севилја моментно е на четвртото место на табелата во најсилната шпанска фудбалска лига, додека Виљареал го потисна Рајо Ваљекано и се доближи до место кое носи опстанок во првата шпанска лига.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.