Лондонски Вест Хеми му понудил на Јувентус 40 милиони евра за напаѓачот Гонзало Игуаин, јавува Sky Sport Italia. Клубот наводно ја понудил истата сума за Макси Гомез и за Себастијан Халер, но напаѓачите на Селта и Ајнтрахт ги одбиле трансферите бидејќи сметаат дека може да најдат подобри клубови.
Нова мета за Вест Хем е Игуаин кого сакаат да го донесат на позајмица, а потоа да му понудат опција за задолжително откупување на договорот ако се исполнат одредени услови за време на сезоната во Премиер лигата.
Игуаин има 31 година и по разочарувачките позајмици во Милан и во Челзи се врати во Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.