Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Марко Верати, вели дека клубот треба да го пушти Нејмар ако Бразилецот сака да замине. Според Италијанецот, би било погрешно да се задржи фудбалер кој не сака да игра за овој тим.

Ако некој играч сака да замине, тој секогаш ќе најде начин да го направи тоа. Така е подобро, затоа што инаку клубот ќе задржи некој кој не сака да биде тука, кој ќе биде против клубот. Кога играчот навистина сака да замине, клубот мора да го пушти, се разбира, под соодветни услови, вели Италијанецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.