Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека би сакал да се врати на активната тренерска работа.
Не се согласувам со фактот дека никогаш повеќе не можам да бидам тренер. Отворен сум за предлози. Сакам уште еднаш да ги почувствувам овие емоции на натпреварите, изјавил Венгер за „Скај спортс“.
Седумдесет годишниот Французин работеше во лондонскиот клуб од 1996 до 2018 година.
Под негово водство Арсенал три пати го освои шампионатот во Англија, седум пати победи во ФА купот и Супер купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.