Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство, но коментарите за непостоечкиот пенал со кој „Трите лава“ дојдоа до финалето продолжија веднаш по мечот.

Досудениот пенал предизвика бројни коментари, а поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, истакна дека пенал воопшто немаше.

Нема пенал. Не разбирам зошто во оваа ситуација судијата не отиде и не го погледна видеото. Во ваков момент, тој мора да биде апсолутно сигурен во својата одлука. ВАР го изневери судијата, изјави легендарниот француски стручњак.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.