На синоќешното вечно фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена звезда имаше 15.000 гледачи и тоа во ек на коронавирус. Партизан се пласираше во финалето на Купот на Србија откако славеше со 1-0. Тоа беше јубилеен 200. меѓусебен дуел на вечните ривали.
И покрај тоа што натпреварот се играше среде епидемијата на коронавирусот и по големо невреме во Белград, навивачите на двете екипи ги исполнија трибините и приредија пеколна атмосфера.
Фудбалот во Србија може да се игра во присуство на гледачи откако српската влада неодамна ја укина забраната за големи јавни собири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.