Вечерва Лидс на нашиот Алиоски оди кон нова победа во Премиер лигата против Волвс. Напаѓачот на Вулверхемптон, Адам Траоре пак е близу до продолжување на договорот со клубот, пренесува „The Sun“.

Според изворот, „волците“ се подготвени на 24-годишниот Шпанец да му понудат 4-годишен договор со плата од 110 илјади евра неделно. Претходно, медиумите објавија за интересот на играчот пројавен од страна на Ливерпул и Барселона.

Во сезоната 2020/21, Траоре одигра пет натпревари за Вулверхемптон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.